Ретвитни оброк #257: Секој заслужува оброк

Под мотото „Секој заслужува оброк“, иницијативатата Ретвитни оброк утре (28 февруари) повторно по 257-ти пат ќе има своја акција.

Од инцијативата потсетуваат дека готват секој петок, со сите кои сакаат да се вклучат и да помогнат во подготвувањето оброци за сите гладни.

Потоа, и оваа сабота, како и секоја претходно, активистите делат оброци за сограѓаните и секој е добредојден да се вклучи.

„Да подготви неколку оброци од дома и да ги донесе во сабота во 13.30 часот кај спомен куќата на Мајка Тереза (за амбалажи и намирници контактирајте нè во порака или на групата). Да донира намирници кои ќе се искористат за подготовка на оброци (ориз, тестенини, месо, зеленчук за салати итн.) во Freshys – Фрешис или во Гласност“, соопштуваат од Ретвитни оброк.