Ресторан нуди бесплатни бургери цела година ако направите трајна тетоважа со неговото име

Калифорниски ланец на ресторани нуди бесплатни бургери една година, но под еден услов. Оваа услуга ќе ја добијат само оние кои на себе ќе го истетовираат името на ресторанот, пишува CNN.

Компанијата „Farmer Boys“ се здружи со тату артисти за промоцијата која ја слави 40-годишнината од своето постоење.

Оние кои сакаат да учествуваат мора да пополнат онлајн формулар до 21 мај за да закажат тетовирање. Тие мора да бидат 18 години или постари.

Ентузијастите можат да изберат од трите постоечки дизајни. На сите три дизајни се наоѓа името на ресторанот и бургер.

Од „Farmer Boys“ потоа објавија дека поради огромниот интерес, не сите што ќе испратат барање ќе добијат термин за тетовирање.

Оние што ќе бидат одбиени да добијат трајна тетоважа, ланецот ресторани нуди бесплатни привремени тетоважи со посебни понуди во рестораните.

„Ако ја споделите привремената тетоважа на социјалните мрежи, се пријавувате за да освоите бесплатен бургер“, стои во објавата на ресторанот на Инстаграм.