Иако за денеска во 13 часот беше закажано свечено доделување на наградите за најдобар научник/уметник на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, ректорот Никола Јанкуловски не дојде на свеченото доделување на наградите.
Додека добитниците на наградата заедно со членови на своите семејства го чекаа во фоајето, Ректорот држеше седница во Ректоратот. Ваквото однесување, за професорката професорката Љубица Георгиевска –Исмаил, прогласена за научник на годината од областа на медицинските науки, е вистинска навреда.
„Не само што не бевме соодветно известени дека сме избрани, ниту бевме поканети на денешната церемонија, сега половина час тече ректорската конференција која ректорот, и на инсистирање на членовите, не сакал да ја прекине и да дозволи половина час свеченост. Ова е навреда и не го заслужуваат нашето присуство“, рече Георгиевска –Исмаил.
Заедно со неа настанот го напушти и проф. д-р Мимоза Ристова, од Природно-математичкиот факултета, која требаше да биде наградена за најдобар научник.
„Наместо да бидеме наградени бевме навредени. Добивме почит од нашите колеги, но Ректорот одби да постапи соодветно“, посочи Ристова.
Покрај Георгиевска –Исмаил и Ристова, наградени се уште тројца професори. За техничко-технолошки науки – професорот Игор Јорданов од Технолошко-металуршки факултет, за општествени науки професорката Анита Циунова – Шулеска од Економски факултет и за уметности – Живојин Глишиќ, пд Факултет отза музичка уметност.