Рекордни 243 новозаболени од Ковид-19, три починати лица изминатово деноноќие

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа регистрирани се 243 нови случаи на Ковид-19 од направени 1.831 тестирања.

Оваа бројка е дневен рекорд на новозаболени во Северна Македонија од почетокот на епидемијата. Претходно, намногу новозаболени во еден ден беа регистрираните 241 случаи на 18 јули, додека вчера беа регистрирани 225 новозаболени.

Новозаболените се регистрирани во: Скопје-98, Струмица-21, Свети Николе-12, Прилеп-12, Кочани-11, Куманово-11, Струга-9, Радовиш-9, Берово-9, Штип-7, Битола-5, Охрид-5, Гостивар-5, Гевгелија-5, Валандово-4, Кавадарци-4, Велес-3, Тетово-2, Виница-2, Делчево-2, Крива Паланка-2, Неготино-2, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Кичево-1.

Починати се 4 лица, пациент од Прилеп (65 години), од Битола (82 години), и двајца од Куманово (72 и 80 години). Три пациенти се починати во болница, еден вон болнички.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира и 100 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Северна Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 18.602, бројката на оздравени пациенти е 15.264, на починати е 753, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.585. Денес се евидентираат четири контролни теста.

Направените 1.831 теста се преку: ИЈЗ-502, ЦЈЗ Скопје-91, Авицена-336, Биотек-252, МАНУ -131, Жан Митрев (Филип Втори)-230, Систина со PCR метода -113, лабораторија Лаор –69, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-57, Инфективна клиника-10, ГАК-17, Синлаб-22, лаборатории од странство-1. Досега во земјата се направени вкупно 193.652 тестирања на Ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.
Министерството за здравство информира и дека:
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 78 пациенти. На кислородна поддршка се 47 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани  се  1 дете и 1 мајка позитивни на ковид-19, 3 деца и 3 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 6, а вкупно хоспитализирани се 33 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 15, а во болницата во Штип се 43 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 187, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

* Оваа содржина е изработена со помош на Европската Унија во рамките на Проектот за младинско изразување. За објавените содржини е одговорен Младински образовен форум и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.