Разменотека во „Амбрела“

Предновогодишна дружба, дискусии и разменотека се организира во недела напладне (22 декември) во „Амбрела“ (ГТЦ приземје, Кеј 13ти Ноември).

Настанот е неформален, а се’ што треба да направат посетителите е да дојдат со некој предмет или облека за размена и желба за дружење.

„На овој настан организираме и разменотека, со што ве повикуваме да донесете предмет или облека кој повеќе не ви е потребен со цел да го размените со друг предмет/облека. Исто така, на оваа дружба ќе го употребиме и концептот на World cafe, со што ќе бидат организирани неформални разговори на различни теми од климатски промени до феминизам“, се вели во најавата за настанот организиран од Young Friends of the Earth Macedonia.

Нема лимит на предмети/облеки што може да бидат разменети.