Rammstein работи на нов албум, се очекува да излезе во 2017 година

Шест години по издавањето на „Liebe ist für alle da“, познатата германска метал група Rammstein работи на нов албум.

Бендот неколку години беше на креативна пауза зафатен со концерти и соло проекти на дел од членовите.

Пејачот Тил Линдеман потврди дека навистина се подготвува нов албум.

„Почнуваме да работиме на продукцијата во септември. Нормално, кај нас тој процес трае најмалку 2 години. Сепак, почетокот е дефинитивно закажан за септември“, изјави Линдеман.

Доколку сé тече според планот, новиот албум на Rammstein ќе биде готов до 2017 година.