Радио МОФ на Сигет – Магичната недела мораше да заврши

Нeзаборавна забава и последните три дена на островот Обудаи. Сигет ги оправда очекувањата, беше генералното мислење на посетителите на годинешниот фестивал.

Day 3 – Забава со бои, Blur поп-кралевите на 90тите  и А38 затворен за Woodkid

За разлика од минатите денови, овој ден решивме малку повеќе да одмориме (имавме долга ноќ пред нас) и пристигнавме на островот некаде околу 18 часот со цел да ги погледаме Seeed, Blur, Woodkid и Sebastian Ingrosso, но и Забавата со бои (Color Party) која не смеевме да ја пропуштиме. Додека чекавме да започне, на Главната сцена во тој момент настапуваа Чк Чк Чкб од каде се одекна  Me and Giuliani Down by the School Yard (A True Story).

По нивниот настап, од сите страни волонтерите на Сигет почнаат да делат бои во мали пластични ќесички.  И тогаш дојде правиот момент, 5…4…3…2…1… и погледајте што се случи:

Откако заврши Забавата со бои, на сцена се појавија Seeed, сите 11 членови, дотерани во одела, се појавија на сцена и ни направија феноменална забава. Бендот почна да свири, Boundzound седна и почна да си медитира. Шоуто го започнаа со Dancehall Caballeros, а продолжија со Molotov и Wonderful Life.  Врвот на нивниот настап беше правењето на Harlem Shake.  И машките ги девојките ги соблекоа маиците сите во ист момент според  одбројување од бендот.

Радио МОФ на Сигет – Магичната недела мораше да завршиОткако го завршија нивниот настап имаше мала пауза за да се промени сцена и да се направат финалните подготовки за настапот на главните ѕвезди на фестивалот, Blur.

Во моментот кога сè се затемни и почна да се слуша воведната музика, публиката еруптираше. На сцената излегоа Graham, Alex и Dave, почнаа да ја свират Girls and Boys и во тој момент истрча Damon Albarn (фронтменот) на сцената. Веднаш потоа ја добивме There’s no other way, а потоа и хитовите Beetlebum, Coffee & TV, Parklife. Кога дојде редот на Country House, Damon се затрча накај публиката и потпрен на ограда (заедно со фановите) ја отпеа песната. Се поклонија момците и ја напуштија сцената, но публиката не беше спремна да ги пушти толку лесно да си заминат.

Радио МОФ на Сигет – Магичната недела мораше да завршиСè уште под импресии и не верување дека само што ги гледавме Blur, решивме да се освежиме пред да се упатиме накај А38 за да го проследиме настапот на французинот Woodkid. Внатре беше преполно, а надвор имаше преголема редица .  Добивме многу фино објаснување од обезбедувањето дека за безбедност на сите, толкав е капацитетот на шаторот и не смеат да пуштаат луѓе внатре (сè додека доволен број не излезат). Од надвор настапот изгледаше феноменално. Успеавме да ги слушнеме I love you и The Golden Age, и на крај неговиот апсолутен хит Run Boy Run.

Решивме да го пропуштиме Sebastian Ingrosso и се одлучивме за одлична забава и дружење со дел од кумановскиот бенд Ептен. Посетивме 3 сцени, Holland meets Hungary, Magic Mirror и блуз сцената и фестивалскиот ден ни заврши со напуштање на островот во 5 часот утрото.

Day 4 – Enter Shikari со најенергичен настап, Emiliana Torrini музика за сечие уво и Hadouken!!!

Радио МОФ на Сигет – Магичната недела мораше да заврши

Ова беше еден од деновите на кои моравме да дојдеме многу рано на островот затоа што Enter Shikari беа закажани за 16 часот. Со трчање се појавија сите на сцена и започнаа моќно со System. Rou (фронтменот) и Chris (басистот), рипаа по целата сцена , а на втората песна Rou се симна од бината и рипна во публиката. Прво го носеа на раце, па се симна меѓу нив и цела Meltdown ја допеа со фановите. Подоцна ги отсвиреа и нивните хитови, како што се Destabilise, Radiate и Juggernauts. Имаа интересен вовед на Gandhi Mate, Gandhi. Ова беше најдобриот однос со публика што некој од изведувачите го имаше на целиот фестивал. Цело време потенцираа дека се пресреќни што се тука и цело време и се обраќаа на публиката на унгарски.

Во меѓувреме на Главната сцена го проследивме настапот на Fratellis (кои беа најавени во последен момент дека ќе настапат на Сигет). Во делот од нивниот настап ги слушнавме Chelsea Dagger и A Heady Tale. После тоа се упативме накај А38 каде што веќе беше започнат настапот на Emiliana Torrini и прекрасните инди поп звуци.

Додека на Главната сцена се собраа многу луѓе за настапите на Editors и Mika, ние се одлучивме за одлична дабстеп/драменбејс забава со Hadouken. Само што започнаа со нивниот настап целиот А38 шатор се наполни. Феномално лајт шоу и одлична музика. Vortex, MAD, Oxygen.  Дечките од Лондон направија одлична забава, која на крајот ја крунисаа со нивниот најголем хит Levitate.

Day 5 – Сè си има свој почеток и крај…

Последниот, 5 ти ден од овогодинешниот Сигет копнеевме по моментот кога за првпат во живо ќе ги слушнеме и видиме Franz Ferdinand, бендот кој требаше да настапи пред David Guetta.

Започнаа навреме и својот настап го отворија со No you girls, пришто веднаш настана вистинска еуфорија помеѓу илјадниците млади луѓе на Главната сцена.

Радио МОФ на Сигет – Магичната недела мораше да завршиСо оглед на тоа дека нивниот најнов албум насловен Right thoughts, right words, right action треба да излезе овој месец, можеби и очекувано беше да отсвират неколку песни од овој албум во насока на негова промоција. Па така, на репертоарот се најдоа Right action, „Evil eye и „Love illumination. Иако можеби сите очекувавме да финишираат со изведбата на Take me out, нивниот најголем и најпознат хит, сепак, оваа песна ја отсвирија една песна пред крајот на првиот дел од настапот, односно пред да се вратат на очекуваниот бис.  За крај ја оставија Ulysses која беше прифатена со громогласен аплауз и скандирање за целокупниот нивен настап.

Потоа следуваше стандардното расчистување на сцената и поставување за последниот акт на Сигет за оваа година, а тоа беше диџеј сетот на David Guetta. Оние кои не беа обожаватели на овој диџејвремето можеа да го искористат за возење на Sziget Еye, 60 метарско панорамско тркало кое  пружа поглед на целиот остров, но и на двете страни на реката Дунав. Од највисоката точка одлично се гледаше целиот настап на David Guetta кој беше проследен со многу визуелни и пиротехнички изненадувања, од ласери и трепкачи во најразлични бои, до пламенофрлачи поставени над Главната сцена кои едно време пуштаа оган во ритамот на музиката. Возењето траеше 10-тина минути и навистина вредеше за 6,5те евра.

Радио МОФ на Сигет – Магичната недела мораше да заврши

Откако се симнавме, сакавме да се упатиме накај некој од официјалните штандови за продавање на merchandise за да купиме некакви сувенири кои ќе ни останат за спомен. Меѓутоа, наидовме на барикади, поставени огради кои го ограничуваа движењето на посетителите . Стануваше збор за безбедносни мерки поради завршниот огномет за крајот на настапот на Guetta.

По разместувањето на оградите и дозволата за слободно движење, отидовме до најблискиот штанд за купување на официјални сувенири од целиот фестивал, сите со логото на Sziget.  Имаше огромен избор на маици, дуксери, очила за сонце, шолји, маски за мобилни телефони, стикери и капи. Ние сепак се одлучивме за маици со логото на Сигет и целиот line-up со сите изведувачи за оваа година.

Во А38 Арената следеа настапите на Katy B и Netsky, првиот потпросечен, вториот одличен.

На крајот, преморени, но презадоволни, свртевме еден последен круг низ островот за да си ги повратиме останатите форинти кои ни беа на платежната картичка, се сликавме на добро познатиот мост за влез на островот и полека се упативме накај хотелот со надеж дека догодина повторно ќе се вратиме и ќе ја почувствуваме магијата на ова седумдневно незаборавно искуство.

За Радио МОФ од Будимпешта,

Димитар Низамовски и Николај Митрески