Работиме УГД во следните години да стане енергетски независен, вели ректорот Мираковски

Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) Штип Дејан Мираковски во интервју за универзитетскиот медиум „УГД Лајф“ објаснува дека универзитетот самостојно работи на создавање систем за енергетска ефикасност. Процесот, Мираковски објаснува дека ќе започне со зградата на ректоратот, а потоа и на уште два други поголеми објекти – кампус 2 и зградата на Правниот факултет.

Истовремено, ректорот во интервјуто најавува дека УГД во следниот период ќе работи на подобрување на условите за студирање и за работа на наставничкиот и административниот кадар, и посочи дека во тек се инфраструктурни проекти кои ќе го подобрат студирањето и работењето на кадарот.

Мираковски посочи дека оваа студиска година наставата ќе се одвива со физичко присуство, освен групите кои се преголеми, на кои им се дава можност и за онлајн настава.

Целосното интервју може да го погледнете во продолжение.