Работилници за пливање и нуркање во спортскиот камп за лица со попреченост во Ресен

Во среда (28 август) започнува првиот спортски камп за лица со попреченост во Општина Ресен.

Кампот ќе се одржува од среда до недела (1 септември), при што учесниците ќе имаат можност да добијат обука во адаптивно пливање и адаптивно нуркање од страна на реномирани инструктори од својата област.

Дополнително, во рамките на кампот ќе биде одржана и обука за животни вештини за лицата со попреченост.

Настанот се организира во рамки на проектот „Спорт за сите“, кој се спроведува во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD), финансирана од страна на Европската унијa, а спроведувата од Програмата за развој на Обединетите нации. Во проектот  како ко-финансиер со свои средства учествува и Општина Ресен.