Организацијата „Еколошкото село – Зелено Блаженство“ на 17 и 18 август организира нова активност – работилница за фурна од земја.
„Кој сака да се стекне со вештина сам да си направи фурна од земја, нема повели на работилницата“, велат од Еколошкото село.
За повеќе детали може да се види ТУКА.
Инаку, Радио МОФ веќе пишуваше за еколошката куќа на Димче Ацков, кој работеше на неа без механизација, користејќи единствено природни материјали.
Куќата во форма на купола се наоѓа во близина на велешкото Долно Оризари.