Работилница „Родови односи“ во Прилеп на 20 март

Младински информативен и советодавен центар од Прилеп на 20 март (среда) од 12 часот организира едукативна работилница на тема „Родови односи/Родова еднаквост“ (Gender relations).

Според Центарот, оваа работилница ќе ја зголеми свеста за родовите односи во Македонија меѓу учесниците.

„Тоа ќе поттикне критичко размислување за актуелната клима и предизвиците во врска со родовите односи и што може да се направи за нив“, стои во најавата за работилницата.

Оттука, од Центарот ги повикува заинтересираните да дојдат и дружат со нивните волонтери од Франција и Америка.