Pussy Riot планираат да отворат музеј само за жени во Црна Гора

Марија Алехина, дел од рускиот панк бенд „Pussy Riot“, во интервју за Artnet, најави дека активистките планираат да отворат музеј само за жени. Таа соопшти дека се одлучиле музејот да го отворат во Црна Гора и да го именуваат како New Balkan Women’s Museum.

Основната идеја е музејот да го направат жени, да биде отворен само за жени и каде ќе може да изложуваат само уметници. Алехина не спомна која е симболиката во изборот на локацијата, меѓутоа родовата еднаквост е актуелна во Црна Гора во последедните години.

Тие се поттикнати од недоволната застапеност на жените во музеите. Алехина посочи на статистички податоци според кои, иако 42,6 отсто од музеите се водени од жени, често добиваат помал буџет од оној што го добиваат мажите. Покрај ова, од 2007 година до денес, 16 отсто од изложбите во музејот „Помпиду“ во Париз и 25 отсто во музејот „Тет Модерн“ се посветени на уметниците, а само шест жени досега ја добиле наградата за современа уметност „Тарнер“.

Музејот е дел од иницијативата на „Pussy Riot“ да го шири активизмот и да поттикне дискусија на повеќе теми, како на пример во нивните последни видеа за полициската бруталност, а сега и со музејот со кој ќе посочи на родова еднаквост во современата уметност. Членката на групата Надежда Толоконикова пак, во ноември најави многу нови вознемирувачки видеа.