Психоделична промо забава за „Way of life festival“ во клубот „Капан ан“

„Loomynum Art Club Macedonia“ во среда во клубот „Капан ан“ прават нова журка, овој пат со артисти од Србија, како најава за „Way Of Life Festival 2018“.

„Специјални гости ќе ни бидат организаторите на фестивалот, кои ќе не удостојат со психоделични диџеј сетови. Ваше е само да дојдете и да уживате + четврток е неработен ден, така да можете да се опуштите со танцување до раните утрински часови, во дворот на ‘Капан ан’“, повикуваат организаторите.

На журката зад диџеј пултот ќе настапува Psychosis алијас Небојша Лазин од Вршац, Србија. Во психоделичниот свет влегува на 13-годишна возраст, а во 2010 ја организира својата прва забава. Диџејство доаѓа две години подоцна, додека во 2014 станува официјално име под капата на Phoenix Groove од Грција. Минатата година го основа „Way Of Life Festival“.

Psychosis

Низ сетовите на Psychosis преовладува силна бас линија и мелодии – музика патувалка за аудиториумот.

Вториот српски гостин е Немања Диниќ ака Dinke. Тој е млад и талентиран диџеј, кој од 2009 стартуваше во „Unnatural Selection“ организацијата со неговиот пријател Милош Ацимовиќ. Dinke досега имаше можност да ја размрда публиката на „Exit festival“, „L.C.F“, „Future Nature“, „Way Of Life“…

Dinke

Трет на списокот е нашиот Јовица Јовев – Yovie, чија психоделична приказна почна во 1999. За оние што паднале од Марс, треба да се нагласи дека тој е основач на организацијата Ice Crean from Saturn (ICFC), а на почеток на милениумот правеше доста забави во култното „Метропол“, заедно со „Waves of sound“.

Yovie

Генерално „врти“ ноќен или т.н. „twilight“ психоделичен транс. Низ музичкиот полет создаде неколку проекти – амбиентален, даб, техно и псајтранс. На журката ќе пушта музика како Mass Hypnosis, подоцна и како Synchrosphere.

Настанот ќе биде збогатен и со уметничкиот перформанс на Бојан Максимовиќ – Creation of artifacts / Myth of creation од Србија. Ова во превод значи – цртање во живо, доработка на веќе почнати дела, потпишување на принтови и уште неколку други изненадувања за журкаџиите. Изложбата се вика „Gallery of myts“.

Дело на Бојан Максимовиќ

За декорот на забавата, фантамасгорични космички пејсажи и сонливи психоделични форми ќе биде задолжен Борис Afadrenaline.

Влезот за вечерта во „Капан ан“ е 200 денари.

Инаку, организаторите на „Way of life festival 2018“ најавија дека фестивалџиите од Македонија годинава се привилигирани – уплаќаат 50% попуст на влезниците. Фестивалот ќе се одржи од 26 до 29 јули во Србија.