Првоаприлска забава во Скопје ЗОО

По повод Светскиот ден на шегата, Први април, во скопската зоолошка градина ќе се одржи Првоаприлски маскенбал.

Настанот ќе започне во 12 и 30 часот напладне во Зоолошката градина.

„На бината за настани во Скопје ЗОО, ќе настапат талентирани млади музичари, а посетителите ќе имаат можност да се дружат и со слончето Халки. За сите оние кои ќе дојдат маскирани, планирано е дефиле на маски со многу музика, забава и дружба“, велат од Скопје ЗОО.

„Дојдете маскирани“, порачуваат организаторите.