Првото издание на фестивалот „Буквално. Џез.“ ќе започне на 19 и ќе трае до 25 мај, во просторот и дворот на културниот центар „Буква“.
Во продолжение погледнете ја целосната програма:
ПОНЕДЕЛНИК | 19 мај
17:00 «Џез: звук, слика, збор» со Владимир Мартиновски
19:00 Отворање на изложба «Jazz» (графика, масло, скулптура: Диме Темков и Лучка Кошчак) со ритмични илустрации на Михаил Парушев
20:30 Вечерен џез со Zulu 3.4
ВТОРНИК | 20 мај
18:00 «Џез вињети» со Александар Прокопиев
20:00 Вечерен џез со Swing 42
СРЕДА | 21 мај
17:00 Буква прикажуе: «За џезот со душа» (џез анимации, селектор: Марија Савелева)
20:00 Вечерен џез со Хот Џез Оркестар
ЧЕТВРТОК | 22 мај
17:00 «Азбука на скопскиот џез» со Кирил Темков
20:00 Вечерен џез сет со Игор Спироски и Шурбе
ПЕТОК | 23 мај
18:00 «Шпаклофонија» — инструМентални експерименти со Владимир Лукаш, Виктор Танасковски и Тома Димовски
20:00 Вечерен џез со Taxi Consilium
САБОТА | 24 мај
13:00 «Џез во боја» — ликовна импровизација со Доротеј Нешовски
20:00 Вечерен џез со Odron Ritual Orchestra
НЕДЕЛА | 25 мај
13:00 «Дај од џезот» — танцов мастер-клас со Билјана Грозданова, Венус
20:00 Вечерен џез со Звук Караџиќ
Дополнително, на овој линк е отворена можноста за поддршка на фестивалот.
„Поддршката значи придонес за развојот на квалитетната културна сцена во Скопје. Сите настани во рамките на фестивалската програма се отворени и бесплатни за сите. Набавката на симболичен ‘билет’ е всушност донација со која, заедно со партнерите и пријателите на фестивалот, поддржувачите учествуваат во споделувањето на логистичкиот товар. Сите средства се целосно наменети за реализација на програмата“, велат организаторите Андреј Јованчевски, Анастасија Овчаренко и Александар Сандревски.
Генерален партнер на фестивалот е „Ford Trucks“. Пријатели на фестивалот се „Colenco“, „Ponir“, „Симпозион“, „MultiQi“, „Badel“, „Винарија Попов“, „V’K Craft Distillery“.