Прва помош, Морзеова азбука, како да танцуваш на забави – повик за учество на бесплатни часови во природа

„Младите можат“ заедно со Извидничкиот одред „Браќа Миладиновци“ се здружија за да организираат бесплатни часови на отворено, со цел нивните врсници паметно да го искористат топлото време во природа.

За учество на овие часови, претходно треба да се направи профил на платформата „Час за час“, да се побара часот што ве интересира и да се пријавете на некоја од работилниците. Тие ќе се одржат во недела (4 април), со почеток во 11 часот на неколку локации во населбата Аеродром.

Кои теми ќе бидат опфатени?

  • Како се прават јазли и нивна примена (локација – Паркот на езерата)
    Морзеова азбука и скриена порака (локација – Парк Авионче)
    Прва помош и заштита (локација – Парк Авионче)
    Изработка на соларни лампи (локација – Одред Браќа Миладиновци)
    Ориентација во природа и читање на мапа (локација – Парк кај последна 5ка)
    Подигнување на шатор и поставување на камп (локација – Парк кај последна 5ка)

Онлајн активности кои ќе се спроведат по договор со понудувачот на часот:

  • Како да се биде Кочо Рацин
    Како да танцуваш на забави
    Се останато што е поставено на платформата како час стои на располагање

Организаторите посочуваат дека поради ситуацијата со пандемијата од Ковид-19, ограничени се местата за искористување на часовите.