Протести на Шарената револуција вечерва во 16 градови

Во 16 градови низ земјава се најавени протести на Шарената револуција, а против одлуката на Ѓорге Иванов за општа аболиција на политичарите птотив кои се водат кривични постапки. Граѓаните ќе протестираат и поради состојба со економијата, судството, криминалот,корупцијата и медиумите.

Досега се најавени протести во : Куманово 18.30, Штип 18:00, Кочани 18:00. Делчево 18:00, Крива Паланка 18:00, Велес 18.30, Прилеп 19:00, Гевгелија 19.30, Струмица 19:00, Радовиш 19:00, Струга 18:00, Ресен 19:00, Кичево 18:00, Битола 18:00 и Тетово во 19 часот.

Во Скопје, пак протестите траат повеќе од еден месец и почнуваат секој ден во 18:00 часот, пред СЈО..