Протести и политички превирања – Шарената револуција пред Собранието порачува: „Нема да ви помине“

Драматично е вечерва и на улиците и во Собранието, каде се случуваат нови политички превирања. По одлуката на Уставниот суд за запирање на сите изборни дејства и итната седница на Собранието што уследи, власта одигра нов контроверзен потег – ги смени министрите од опозицијата, избрани во согласност со Договорот од Пржино и ги постави старите министри на нивно место – Диме Спасов и Митко Чавков. Опозициските пратеници по ова ја напуштија седницата.

Во меѓувреме, под силно полициско обезбедување, започна нов протест на движењето #Протестирам, чие мото е „Нема да ви помине“. Демонстрантите ќе се задржат пред Собранието, по што ќе се оди и пред Владата. Еве дел од атмосферата на почетокот на протестот:

c-2

c-1

c-13

c-12

c-11

c-10

c-9

c-8

c-7

c-6

c-4

c-5

c-0

c-3

c-15

c-16