Прошверцувани фотографии од Северна Кореја даваат приказ за животот во селата

Повеќето слики кои се достапни од Северна Кореја се од Пјонгјанг, бидејќи туризмот е ограничена на главниот град, а при контролата на граница персоналот ги прегледува и брише „неовластено” направените фотографии од апаратите кога се напушта земјата.

Но, среќата му се насмеала на фотографот Ксиолу Чу од Пекинг кој работи за Getty, а патувал со воз од Москва до Пјонгјанг, при што бил блокиран некое време во зафрлено село во североисточниот дел на Северна Кореја.

Со ретка можност да го види животот надвор од Пјонгјанг, Чу направил фотографии на својот мобилен телефон и успешно успеал да ги прошверцува, во август минатата година. Тој за Mashable вели дека царинскиот службеник не знаел како за пристапот до други датотеки на неговиот телефон.

„Тој беше научен само како да ги избрише фотографиите од албумот на телефонот, но за среќа ги сокрив моите слики во друга папка”, вели Чу.

Неговиот престој во селото, иако краток, предизвикал сомневање кај локалното население ненавикнато на тоа странци шетаат наоколу. Тој бил пријавен во полиција за правење слики од локалните питачи и отпадот, бидејќи тоа фрлало лошо светло на земјата.

 

Тој вели дека селото изгледало далеку посиромашно од Пјонгјанг, со речиси непостоечка модерна архитектура. Железничката станица, иако изгледала старо, била направена во 2013 година.

„Во текот на ноќта во селото е многу темно. Единствени осветлени објекти се храмовите на владетелите“, вели Чу. „Луѓето беа многу слаби, работеа многу напорно, креваа тешки предмети. Исто така, бев изненаден да видам дека децата имаат многу убави училишни униформи,” додава тој.

По објавување на фотографиите, тој додава дека нема да се упати назад кон Северна Кореја. “Би бил многу загрижен за мојата безбедност и можноста да завршам во затвор.“

1

2

3

4

5

6

8

9

10

11

12

13

15