Пронајден исчезнатиот српски новинар Стефан Цветковиќ

Исчезнатиот новинар Стефан Цветковиќ е пронајден и е добро, соопшти претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Новинарот сега се наоѓа на испитувања во Управата на криминалистичката полиција.

Цветковиќ бил пронајден во претпладневните часови во широкиот регион на градот Бела Црква.

Вучиќ изјави дека се сослушани десетина лица и се прегладени повеќе снимки од надзорни камери.

Медиумите претходно објавија дека моторот на автомобилот сé уште работел, а сведоците потврдиле дека рачниот часовник на Цветковиќ бил пронајден заедно со скината нараквица веднаш до него. Неговите мобилни телефони биле исклучени.

Цветковиќ е познат по пишувањето за голем број теми, но неговата истрага за атентатот на Оливер Ивановиќ, локален српски политичар во Косово, го стави под ново внимание. По неговото враќање од Косово во мај, тој беше задржан од страна на косовските власти шест часа поради контактите што ги направил додека истражувал. Цветковиќ и претходно се соочувал со закани поради неговата работа, и тоа најчесто од страна на локалните власти. Во еден случај неговиот телефон бил искршен, а во друга пригода неговиот автомобил бил оштетен откако локалните официјални лица го нарекле “легитимна цел” и “странски платеник”.