Промовиран романот „Годините кога научив да летам“ од Евгениј Хоуп

Романот „Годините кога научив да летам“ од Евгениј Хоуп (Милош Димковски) синоќа беше промовиран синоќа во Куманово.

Романот е напишан врз база на искуството што го има авторот кој автостоп ги поминал државите во Европа, патувајќи три години, поминувајќи над 30.000 километри.

Книгата е во издание на „Матица“. Романот е второ дело на 25- годишниот кумановецот, откако во 2011 година го објави романот „Парада на марионетките“. Романот претходно беше промовиран во Скопје.