Промоција на „Небо во кафез“ од Долорес Атанасова-Лори

Во фоајето на кино „Фросина“ во МКЦ на 26 октовмри (сабота) во 18:30 часот ќе се одржи промоција на книгата поезија „Небо во кафез” од Долорес Атанасова-Лори.

„‘Небо во кафез’ како возрасно дете буричка по светот околу себе, го отсокрива, го препокрива, покажува на работи очигледни, а заборавени, или заматени од премногу зашербетена лага, и гласно кажува ‘Царот во нас е гол!’“, вели Ѓоко Здравески за книгата.

Инаку, театарот на сенки „Сенки и облаци“, со својата магија на сенки и бои ќе претстави дел од поезијата, за која претстава гласовите ги позајмија Ѓоко Здравески, Биљана Стојановска, Верица Недеска и Долорес Атанасова-Лори, а музиката е на Горан Атанасов.

На промоцијата ќе читаат: Ѓоко Здравески, Ана Голејшка Џикова, Снежана Стојчевска и Биљана Стојановска.