Промоција на книгата „Илустрирана библиска етика“, изложба и концерт утре во МКЦ

Утревечер (9 април) со почеток од 20:00 часот во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје ќе се одржи промоција на книгата „Илустрирана библиска етика“, изложба и концерт.

„Илустрирана Библискa етика“ е книга со 100 цртежи со кои се илустрирани изреки од Библијата. Нејзината цел е да ги погледне, преиспита, прoтолкува и рефлектира вековните вредности преку современа ликовна интерпретација на:

Иван Ивановски
Горан Дачев
Никола Радуловиќ
Владимир Лукаш
Атанас Ботев
Ѓорѓе Јовановиќ
Андреј Анастасов – Даскаловски
Миле Ничевски

Вечерта ке ја отворат Женскиот младински хор на МКЦ и Јанинка Невчева на органа, со изведба на делото „Lux Aeterna“ од Александар Пејовски, специјално компонирано за оваа пригода, а од 22 часот на платото пред МКЦ ќе настапат: Ice Soul Combo, К.Н.Н.Т и Арлекин.