Промоција на фанзинот „Максимум рокенрол“ и рок свирка во „Кула“

 

максимум рокенролИнтернационалниот фанзин „Максимум рокенрол“ организира промотивен настан за покренување на свесноста на андергрунд заедницата. Со почеток во 13 часот, во сабота (16 мај), во дворот на културниот центар „Кула“, присутните ќе имаат можност да вкусат веганска храна и да се дружат со дистро изданијата на познатите имиња од панк-рок сцената. Настанот ќе се затвори во 19 часот, со свирка на три актуелни панк-рок бендови Лајтмотив, Арлекин и Суртуклер, кои ќе настапат за поддршка на „Максимум рокенрол“.

„Максимум рокенрол“ е широко распространет фанзин кој ја покрива интернационалната сцена на панк и гаражен рокенрол од 1977 година. Својата мрежа на влијание ја врши преку дејноста на списанија, радио емисии и издавачка куќа. Волонтерската екипа на „Максимум рокенрол“ ја промовира и информира панк-рок сцената веќе долги години, а воедно ги задржува вредностите на андерграунд панкот со тоа што останува независна и нeпрофитабилна.

Посетителите ќе може да донираат средства за платформата „Максимум рокенрол“. Настанот цели кон поддршка на DIY (направи сам) сцената, а воедно е манифест на приврзаниците на алтернативната сцена. За таа цел членовите на „Кула“ и „Храна, А Не Оружје“ ќе готват во духот на веганската кујна, а за сите љубители на плочи, ЦД-а, касети, маици и торби ќе бидат поставени неколку штандови со изданија на Deny rec. , Coffee Mug BookingSixtynine Records, и многу други.