Промоција на деби албумот „Мис Слобода“ од Tелемама

Телемама и Ако никој не свири во сабота (13 јуни) во 20 часот во Ла Кања организираат промоција на албумот „Мис Слобода“.

Телемама е музичка инкарнација на визуелната уметница Драгана Заревска. Нејзиното албумско првенче е збирка на домашни снимки создадени во интимниот простор, некаде помеѓу мали сипаници, граѓански протести и сопруг на службен пат.

Албумот ќе биде достапен на цеде, во ограничен тираж. Од 20 до 21 часот, Драгана на лице место ќе изработува персонализирани примероци со женски ликови. „Доколку тоа не е вашиот, понесете си ја вашата омилена Мис Слобода, рака под рака или на фотографија“, се вели во најавата за настанот.