Промоција на деби албумот „Атермора“ на Дејан Правописец

Дејан Илиев со авторски псевдоним Правописец, на YouTube го промовира концепт албумот со наслов ,,Атермора” е негов деби албум, составен од 8 композиции кои треба да заокружат една музичка целина.

Музиката, изведбата и текстот на композициите се на Илиев, а аранжманите на Дарко Тасев.

Како вокали во албумот му гостуваат Емилија Славковска, Ана Цаневска и Мартина Кимовска.

Оваа недела беше објавена првата песна од албумот, „Дали си ти“, а во периодот што следи секоја работна недела ќе се објавува по една од песните на албумот на неговиот Youtube канал и фан страната на Facebook, како и македонските радија. Откако ќе се објават сите песни, ќе се одржи промоција во живо во Скопје.