„Промислување на пандемиите“ – симпозиум на Светскиот ден на филозофијата

Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје и Филозофското друштво на Македонија годинава по 17-ти пат ќе го одбележат Светскиот ден на филозофијата.

Годинава, ќе се одржи симпозиум на тема „Промислување на пандемиите“ во којшто во три блок сесии во четиринаесет (14) излагања ќе земат учество шеснаесет (16) реномирани филозофи, научници, професори и истражувачи од земјата и странство.

„Симпозиумот „Промислување на пандемиите“ претставува прв систематски промислен облик во нашата земја, во поширок (филозофски и мултидисциплинарен) контекст да се проговори и дискутира за темата пандемија“, велат од Филозофското друштво.

Настанот ќе се одржи утре (19 ноември) преку Zoom – дигиталната платформа, со почеток во 10:00 часот. Заинтересираните за следење на симпозиумот ќе можат тоа да го сторат преку следниот линк: https://zoom.us/j/93381230075. Публиката ќе може да се вклучи со прашања до учесниците (во пишана форма во Q&A прозорецот на Zoom). Текот на симпозиумот, исто така, ќе може да се следи во живо (како live streaming), на ФБ страницата на ФДМ и на Филозофски факултет – Скопје.

Светскиот ден на филозофијата, востановен од УНЕСКО, традиционално се одбележува третиот четврток од месец ноември и се слави низ целиот свет, со фокус на вредноста и придобивките на филозофијата.