Програма за годинешната Недела на гордоста

Годинешната Недела на гордоста, традиционалната манифестација која го има за цел унапредувањето на правата на сексуалните малцинства, ќе се одржи во Скопје од понеделник (22 јуни) до сабота (27 јуни). Предвидени се низа активности: работилници, обуки, концерти, предавања и проекции на филмови.

Сите заинтересирани да се пријават на обуките или за дополнителни информации можата да се обратат на:
+389 (0)2 3214 269, +389 (0)2 3256 174, +389 78 200675 или на мејл-адресата Dragana88dragana@gmail.com

Еве ја комплетната програма:

ПОНЕДЕЛНИК

1. Предавање за сексуалност – Зоран Јорданов
(Еднаквост за геј и лезбејки- ЕГАЛ)
Доброволно и бесплатно тестирање за ХИВ
18:00, 22.06.2015 (понеделник)
Локација: НГЛЦ- ЕГАЛ
Отворен настан за ЛГБТИ заедницата

2. Работилница на сексуално преносливи инфекции (СПИ) и ХИВ- Зоран Јорданов (Еднаквост за геј и лезбејки- ЕГАЛ)
Доброволно и бесплатно тестирање за ХИВ
19:00, 22.06.2015 (понеделник)
Локација: НГЛЦ- ЕГАЛ
Отворен настан за ЛГБТИ заедницата

ВТОРНИК

3. Трибина „ЛГБТИ активизмот, антикапитализмот и антинационализмот – точки на поврзување и градење заеднички отпор“
Говорници: Ирена Цветковиќ, Артан Садику, Антонио Михајлов
Модератор: Мариглен Демири
18:00, 23.06.2015 (вторник)
Локација: ЛД „Солидарност“ на ул. „Орце Николов“ бр. 166 (спроти Центар за странски јазици)

4. Ѕуница- BEST OF
Проекција на три филмови од Ѕуница
23.06.2015 (вторник)
Локација: ЛГБТИ Центар за поддршка, ул. Наум Наумовски- Борче бр.83, 1000 Скопје
Проекцијата на сите филмови е отворена за сите.

17:00 UNDERTOW, Шпанија 2009 година
Добитник на 39 нагрдаи на филмски фестивали ширум светот.
Режија: Javier Fuentes-Leon,
Улоги: Tatiana Astengo, Manolo Cordona & Cristian Marcado

19:00 AIMÉE & JAGUAR, Германија, 1999
Добитник на девет награди и номиниран за Златен Глобус.
Режија: Max Farberbock,
Улоги: Maria Schrader, Juliane Kohler & Johanna Wokalek

21:15 Regarding Susan Sontag, САД, 2014
Документарецот е имнитма и суптилна истрага на животот на една од најпровокативните и влијателни мислителки и феминистички икони, Сузан Сонтаг.

СРЕДА

5. Обука „ Развивање капацитети за ЛГБТИ активизам“
Дводневна обука на англиски јазик, организирана од ЛГБТИ Центарот за поддршка и ИЛГА Европа.
Од 9:00 до 18:00, 25 и 24.06.2015 (среда и четврток)

6. Предавање „ Online геј претставувања и ХИВ/СИД дискурсот во Србија “- Зоран Милосавлјевиќ
Предавањето ги анализира модалитетите на себепретставувањето на геј заедницата во он-лајн комуникацијата во Србија која последично доведува до пренесување на ХИВ во вистинскиот живот.
Доброволно и бесплатно тестирање за ХИВ во комбе покрај галеријата.
19:00, 24.06.2015 (среда)
Локација: Монтажна галерија на ЦАЦ, Парк на Франкофонијата (пред Градски Стадион, зад Влада)
Настанот е отворен за сите.

ЧЕТВРТОК

7. Протестно обраќање пред Влада на Република Македонија
ЛГБТИ заедницата пред Влада на Р.М. ќе ги изнесе своите причини зошто бара оставка.
13:15, 25.06.2015 (четврток)
Локација: пред Влада на Р.М.
Настанот е отворен за сите.

8. Проекција на документарец „Stonewall Uprising“, САД 2010 година, 82 мин.
18:00, 25.06.2015 (четврток)
Локација: Америчко Катче Скопје (во новиот дел на Универзитетска библиотека)
Настанот е отворен за сите.

9. Лезбејски Пикник
Лезфем организира попладневна дружба во парк со музика, пикник, читање лезбејски кратки раскази и поезија како и работилница за изработка на стенсили и знамиња. Ве покануваме да си понесете храна и пијалок, вашите омилени лезбејски песни и раскази, а ако има и музикални меѓу вас, добредојдени сте да дојдете со гитара.
17:00, 25.06.2015 (четврток)
Локација: Градски парк кај мечето
Настанот е отворен за сите феминисти/ки, лезбејки, квир жени, бисексуалки и политички лезбејки.

ПЕТОК

10. Обука за креативен активизам
Дводенвна обука за креативен активизам, организирана од Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници„ и ЛГБТИ Центарот за поддршка. Обучувачка е Борјана Мојсовска.
Од 10:00 до 18:30, 26.06.2015 (петок); Од 10:00 до 13:00, 27.06.2015 (сабота)
Локација: ЛГБТИ Центар за поддршка, ул. Наум Наумовски- Борче бр.83, 1000 Скопје
За да присуствувате на обуката потребно е претходно да не контактирате на некој од контактите подоле.

11. Протестно обраќање пред Основно јавно обвинителство
Уште еднаш ќе го потсетиме Јавниот обвинител на насилството, нападите, каменувањата и обидете за палење на ЛГБТИ Центарот за поддршка за кои „истрагата е сеуште во тек“.
13:15, 26.06.2015 (петок)
Лоакција: Основно јавно обвинителство (Кеј, кај мостот на „Уметноста“)
Настанот е отворен за сите.

САБОТА

12. Протестно обраќање пред Македонската радио- телевизија
МРТ како јавен сервис кој го плаќаат сите, па и ЛГБТИ луѓето наместо сојузник е медиуми низ кој се шири хомофобија и мизогинија. Со кратко соопштение ќе им порачаме да си одат и да го вратат јавниот сервис на граѓаните.
13:15, 27.06.2015 (сабота)
Локација: Пред МРТ
Настанот е отворен за сите.

13. Предавање „Педери и Партија: противприроден блуд на југословенски начин (1945-1989)“- Франко Дота
„Се до средината на 1950-ите, хомосексуалноста во Југославија е сметана за „буржоаска и изопачена“, производ на „неморалниот капитализам“, на која можат да бидат склони само „декадентни интелектуалци“, граѓанска класа, свештеници, неработници…“
19:00, 27.06.2015 (сабота)
Лоакција: Монтажна галерија на ЦАЦ, Парк на Франкофонијата (пред Градски Стадион, зад Влада)
Настанот е отворен за сите.

14. Забава за затворање на Неделата на Гордоста 2015
Ана Мало
Караоке со Огнен Јанески
21:00, 27.06.2015 (сабота)
Лоакција: Монтажна галерија на ЦАЦ, Парк на Франкофонијата (пред Градски Стадион, зад Влада)
Настанот е отворен за сите.