Програма за 10. издание на „Бела ноќ“

Идниот викенд, ноќта помеѓу 4. и 5. октомври, во Скопје ќе се одржи десеттата по ред манифестација „Бела ноќ“ во која ќе бидат вклучени културните институции под надлежност на градот и национални установи кои ќе примаат посетители до раните утрински часови.

Програма за 10. издание на „Бела ноќ“

Како главна атракција за оваа „Бела ноќ“ е настапот на хотот „PERPETUUM JAZZILE“ од Словенија на плоштадот Пела од 21 часот кои се познати по своите акапела преработки на големи музички хитови и на Јутјуб имаат милиони посети. Новина годинава е и тоа што наместо традиционалното отворање на манифестацијата во Музејот на Град Скопје, таа ќе почне во Даут-пашиниот амам со ретроспективната изложба на Василие Поповиќ-Цицо.

Покрај домашни уметници, на годинашната „Бела ноќ“ ќе има и гости од Јапонија, Велика Британија, Франција, Австрија и од сите балкански земји. Цела ноќ за посетителите ќе бидат отворени и вратите на Музејот на современа уметност, Галеријата на МКЦ, галериите „Грал“, „3М“, „Арте“, „Галерија 8“, Музеј на Град Скопје, Културно-информативниот центар, Универзална сала како и 24-часовен филмски маратон во кино „Милениум“.  Влезот за сите настани е бесплатен, а програмата (преземена од официјалниот ФБ настан) проследете ја подолу:

Плоштад Пелa – Порта Македонија, PERPETUUM JAZZILE (Словенија)/21:00

Градски парк – Школка (21:30) – Propo’88 & BlabberMouf (Холандија), Bvana (Србија), Дивизија, Џака Накот (DJ set)

Плоштад Карпошово Востание (20:00)  Тони Китановски Big band, Muhamed Ibrahimi, The Jazzobell Quintet, Иван Иванов, Sofia Jazz Formation (Бугарија)

Градска Плажа, Кастро (18:00)  Proces (Срб), Selector Lazy Face (БГ), DJ Rek (ГР), Geto Rudi, Charlie, Jam Sistazz Сцена

Сцена Спомен Куќа на Мајка Тереза (20:00) Женски Младински Хор, Про Арс – диригент Сашо Татарчевски

Летен клуб Хавана(21:00)  Steel Temlple, Chromatic Point, Serpentine Fire

Менада (22:00) DJ Lale (Србија), Мирко Попов,

Плато МКЦ (22:00) Artan Lili (Срб), Silly Boy (ГР), Foolish Green, Green Fuzz

Национална галерија – Даут Пашин Амам
„Еден век(ретроспектива) од раѓањето на големиот Василие Поповиќ – Цицо.

Културно информативен центар – изложбен салон Империјал 1

Изложба „Надреализам“ – Спасе Куновски, Благоја Николовски и Кирил Ефремов

Младински културен центар – Галерија МКЦ

„Бело за бела ноќ“, инсталација, Атанас Атанасов

Дом на културата „ Кочо Рацин„ – Голем салон

Патишта (на Балканот)“, изложба на Балканската група „Турборенесанса“.

Музеј на град Скопје

Средновековен фреско-живопис“ – музеолошка поставка

Музеј на современата уметност

Солидарноста – недовршен проект?“, постојана поставка

Галерија 3М , „Изборот на Галерија  ЗМ“ -Чаша вино и дружење со уметноста на македонски сликари

Галерија Арте „Боите на Македонија“, селекција на најатрактивните автори застапени во галеријата Арте.

Галерија Грал „Во срцето на Балканот– Раката гледа“, излoжба на Глигор Чемерски.

Галерија 8 „Групна изложба“ и видео инсталации со Кристина Зимбакова, Наташа Петковска, Симона Манчева, Александар Ефтимовски, Mona Haji Agha Bozorgi(Иран), Melita Matovic Fligler ( Хрватска) Luana Lojic (Хрватска).

Универзална Сала

Ревија на детски песни од фестивалите Златно Славејче, Поточиња и Виножито

„СИТЕ ЗАЕДНО“, здружение СОЛЕМ

Плато пред Чифте Амам (23:00),  RE:Volt #4: Ум Заум #2 /Режија: Стефан Сидовски, музичка подолога: Александар Пејовски

Парк на литературата (Градска библиотека Браќа Миладиновци) (20:00 ), Поетско  – Музички перформанс

Улица Македонија

„Accident of emotions“, инсталација во простор Luan Bajraktari (КС) / 20:00

„ A SPECIAL PLACE IN THE CITY / SECRET HEART“, инсталација во простор Kolektiva (Сло)* / 20:00

Плато Дом на АРМ

„… boje su u nama ….“ инсталација во простор”…spaCe ..„…проСтор…”spokenword просторна скулптура “sub Motion „ перформанс I.J.PINO & CO, (Хрватска)

SOUL EXTRUDER, Lazy Kidz vizuals, видео инсталација

 Џебно Кино

„CONSTRUCTION IN KNEADING“, аудио-видео инсталација, Ryo Ikeshiro (Англија) / 21:00

Стрип Центар Велес, Стрип работилница / Горно Фоаје на Кино Фросина/ 19:00

Младинки културен центар (МКЦ)

Има многу риби во океанот, но јас сакам само една“, инсталација, Блашка Ми Ева / 20:00

„ Скопска ноќ“, инсталација, Петра Јовановска / 20:00

Мост Око, промоција на антологија на љубовна поезија

Плато пред хотел Stone Bridge– СИСТЕМ II, Инсталација на Перо Кованцалиев / 20:00

Градски парк (во близина на Школка) БЕЛА НОЌ, Мелеем – инсталацијa

Кино Милениум, 24 часовен бесплатен Филмски маратон

– Попладневно матине во Зоолошка градина

*Бесплатен транспорт со линиите 8 и 15А на ЈСП од 12:00 до 16:00
*Бесплатен транспорт со автобусите на ЈСП од 19:00, на сите линии кон центарот на Скопје