Прогласени најдобрите европски музички фестивали за 2014 година

Унгарскиот Sziget фестивал е прогласен за најдобар голем фестивал, откако ова признание го доби и во 2012 година, заедно со најдобар фестивал на затворено I Love Techno, промотор на годината Live Nation Belgium и најдобар изведувач дебитант Stromae.

Најдобрите европски музички фестивали, промотори и изведувачи за 2014 година беа прогласени на шестото издание на Европските музички награди, во Groningen’s De Oosterpoort, Холандија.

На церемонијата се претставија дел од најновите европски уметници како што е данската електро-поп сензација MØ, лондоскиот R & B музичар Jack Garratt и норвешката кантавторка Aurora Asknes.

Награда за животно дело доби Melvin Benn, додека Glastonbury ја доби наградата за најдобар Line-Up фестивал, а групата Arctic Monkeys добија две награди, Best Headliner и химна на годината за песната „R U Mine“.

Првиот добитник од Црна Гора за најдобар среден фестивал е Sea Dance фестивалот зад кој стои српскиот тим на Exit.

Холандија, која беше домаќин на настанот доби две награди, за фестивалот Down The Rabbit Hole за најдобар нов фестивал и MOJO/Loc за фестивали кои најдобро преку иновативни начини го подобриле здравјето и безбедноста во рамките на нивните простори.

За омилен фестивал на уметниците е прогласен фестивалот Primavera Sound во Шпанија, а најдобар мал фестивал е прогласен полскиот Tauron Nowa Muzyka.

Наградата „ Green Operations“ го доби данскиот фестивал Roskilde, а наградата за извонредност и страст, признавање на посветеноста и креативноста за создавање настан ја доби неговиот уметнички директор Rikke Øxner која се пензионираше после две децении како дел од фестивалот.

Добитниците беа избрани дел од гласање на публиката, дел од жирито на EFA кое се состоеше од новинари, агенции за резервации, организатори на фестивали.

Целата листа на добитници е на овој линк.