Проекција на документарниот филм „The Startup Kids“ на 24 април во МКЦ

YES Инкубаторот ги претставува инспиративните приказни на некои од најуспешните претприемачи од светот преку уникатниот филм “The Startup Kids“. Се работи за документарен филм за млади претприемачи во САД и Европа. Содржи ексклузивни интервјуа со основачите на VimeoSoundCloudKiipDropbox и многу други, кои зборуваат за тоа како ги започнале своите компании и за нивните животи како претприемачи.

Проекција на документарниот филм „The Startup Kids“ на 24 април во МКЦ

Филмот е направен од две жени-претприемачи од Исланд, Vala Halldorsdottir иSesselja Vilhjalmsdottir, кои ја основале својата прва компанија брзо после економскиот колапс на Исланд и сакале да ги мотивираат другите млади луѓе да станат претприемачи. Дополнително, овој филм е емитуван во повеќе од 40 земји низ светот.

YES Инкубаторот ја има ексклузивната лиценца за прикажување на филмот во Македонија. Датумот за прикажување е 24-ти април, во 20:00 часот, во клуб-ресторанот на МКЦ. Влезот е бесплатен, а заинтересираните треба да се регистрираат  на следниов линк