Проекција на „Круг“, филм посветен на боречката легенда Шабан Трстена, во МКЦ

Овој петок, во Џебното кино на МКЦ, ќе се прикажува македонскиот документарен филм „Кобра“, во режија на Игор Иванов – Изи.

По проекцијата, присутните ќе имаат прилика да разговараат за филмот со режисерот, како и со дел од екипата која работеше на филмот.

Кобра ја обработува приказната за единствениот Македонец кој има освоено златен медал на Олимписките игри, борачот Шабан Трстена. И покрај светскиот успех на Трстена, неговото постигнување останува непризнаено од тогашните политички институции, и од останатиот дел на општеството.

Проекцијата ќе започне во 20 часот.

Влезот е бесплатен, но организаторите напоменуваат дека Џебното кино располага со 80 седишта.