Проекција на филмот „Идиократија“ во СЦ „Дуња“

Во Социјалниот центар „Дуња“ во вторник (16 јули) од 20 часот ќе се проектира филмот „Идиотократија“.

Се работи за американска комедија-дистопија од 2006 што ја раскажува приказната на две лица кои стануваат дел од еден таен експеримент на војската за човечка хибернација и се будат 500 години подоцна во едно дистописко општество, карактеризирано со анти-интелектуализам и комерцијализам.

Според најавата на СЦ „Дуња“, филмот не е само комедија, туку и сериозна општествена и политичка критика.

„Последните години сме сведоци, и во Македонија и во светот, на пад на нивото на дискурсот кај лицата на функции, но и во пошироката јавност, пад што донесе намалување на важноста на аргументите во политичката дебата, ирелевантност на вистината и растечката индиферентост кон скандалите на политичарите. Сето тоа ги поткопува демократските вредности и шири цинизам и апатија кај оние што, при различни прилики, можеби би биле борци за промена. Во таков контекст, „Идиотократија“ е сериозно предупредување за трендовите кои се развиваат овде и сега“, се вели во најавата за проекцијата.

Влезот е слободен. Доколку дозволат временските услови, проекцијата ќе биде на отворено – во дворот од СЦ „Дуња“.