Проекција на документарни филмови за лековитите својства на канабисот

Во среда (29 април), со почеток од 20:30 часот, во Клуб на Граѓани за европска Македонија (ГЕМ клуб), ќе се одржи проекција на два документарни филмови за лековитите својства на канабисот.

Во организација на „Канабис клуб“, ќе бидат прикажани документарците „Run from the cure“ и „Weed“. Филмовите се базирани на човечки искуства кои зборуваат за тоа како оваа билка им помогнала при лекување на своите болести.

Во „Run from the cure“, се зборува за Rick Simpson, познат по тоа што активно го шири рецептот за маслото од канабис и тврди дека маслото му помогнало да ја излекува сопствената болест. Со слична содржина е и документарниот филм „Weed“, кој зборува за едно семејство и борбата со болеста на нивната ќерка.