Проекција на документарецот „Споменик на гордоста“ во „ShortBus“

Во „ShortBus“ утре (16 мај) од 19 часот ќе има проекција на документарниот филм „Споменик на гордоста“ во режија на Себастијан Кес.

„’Споменик на гордоста’ (2017) ја раскажува нецензурираната приказна за ‘розевата револуција’ во Холандија. Историските слики се менуваат со тековните настани што се одржаа на споменикот познат како ‘Хомомонумент’ во Амстердам и ги портретира денешните активисти. Филмот е во чест на 30-годишниот ‘Хомомонумент’ во Амстердам и на сите кои се бореа за слободата што сега често ја земаме како дадена“, стои во најавата за настанот.

Проекцијата ќе биде проследена со разговор со режисерот Себастијан Кес и Кочо Андоновски, програмскиот директор на ЛГБТИ Центарот за поддршка.

Настанот го организира ЛГБТИ Центарот за поддршка во соработка со Амбасадата на Кралството Холандија во Република Северна Македонија.