Проекции на отворено на „Irrational Man“ и „La Grande Bellezza“ во Градски парк

По јунското кино со „Исцелител“ и „Avec l’amour“, во Градски парк повторно ќе се одржуваат две филмски вечери под отворено небо.

Овој пат, кино „Милениум“ и МКЦ на 13 септември (четврток) организираат бесплатна проекција на „Irrational Man“ („Ирационален човек“) на Вуди Ален, а ден потоа, 14 септември, ќе се прикажува и „La Grande Bellezza“ („Големата убавина“) од режисерот Паоло Сорентино.

Според организаторите, проекциите на двата филмови започнуваат во 20 часот. Обезбеден е превод на македонски јазик.

„Исто како и изминатите проекции, lotus chairs/bean bags ќе ви бидат на располагање. Можете да си понесете камперски столчиња, ќебенце за покривање, храна, пијалаци…“, стои во најавите за проекциите на 13 и 14 септември.