Приказни кои треба да ги слушнете, од студентки уценувани и вознемирувани од професори

Режисерката Драгана Гунин, започна проект со кој собира и објавува лични приказни од студентки кои биле уценувани или вознемирувани од професори за да добијат повисока или воопшто, да добијат оцена.
Се работи за проект посветен на истражување на корупцијата на факултетите. Идентитетот на девојките е скриен, но познат на режисерката. Има и постари и понови приказни, кои ќе се објавуваат во текот на неделава. Слушнете ги првите кои се објавени:

Проектот е иницијатива на Гунин, а е дел од Школата за Артистички активизам која ја следеше во Сараево,во октомври 2019 година.