Пријавете се за настап на фестивалот Сигет 2014

Отворен повик за изведувачи на Сигет од Македонија

Како и секоја година, фестивалот Сигет им дава можност на млади и талентирани бендови да се пробијат на светската сцена. Поради големата конкуренција и големиот број на бендови кои се пријавуваат, селекцијата се прави десет месеци однапред. Доколку во минатото немавте промотер, шансите за да се стигне до настап на ваков фестивал беа многу мали, но од оваа година Сигет Македонија има можност да предложи десет македонски изведувачи, талентирани но недоволно афирмирани на музичката сцена.

 

Бендовите кои најдобро ќе се покажат и ќе бидат најдобро прифатени од публиката ќе ја имаат можноста да настапат на посебна бина на Сигет 2014. Потребните информации за пријавување се:

  • Име на изведувачот;
  • Линкови со информации за проектот (биографија, членови на групата, видео, аудио снимки и тн.)
  • Контакт информации

Апликациите може да ги испратите на booking@odaconnexio.mk, најдоцна до петок, 14 јуни.