Претставени идејните решенија за три нови летни сцени во скопскиот Градски парк

Град Скопје вчера во Градски парк ја отвори изложбата на отворено со која беа претставени пристигнатите архитектонски трудови на конкурсот за идејни решенија на три летни отворени сцени на овој простор.

На конкурсот пристигнале 13 трудови за понудените три локации: во близина на Езерце, во првиот дел на паркот; во близина на Сточарски институт и спроти Кајак кану клубот „Илинден 90“.

Град Скопје ќе додели три први награди од 70.000 денари, на најдобрите на секоја локација.