Прва реприза на тетарската претстава „Солдат“ ќе се изведува на 13 октомври (вторник) во Театар Куманово.
Во претставата играат Сања Русеска и Марко Трајковиќ, а е во режија на Бојана Краљевска.
Билетите ќе бидат бесплатни и ќе бидат пуштени онлајн во вторник на ФБ страната на Театар Куманово во 10 часот.
„Билетите се во ограничен број од 42 според здравствените протоколи во салата и првите кои ќе коментираат на нашиот пост кој ќе биде објавен во 10:00 часот ќе имаат можност да ги добијат билетите.Истите ќе може да ги подигнете на билетара во театар Куманово истиот ден на 13.10 после 11:00 часот“, стои во најавата за претставата.
За време на настанот во театрот задолжитeлно e носење на заштитна маска при влегувањето и следењето на тeтарската претстава.