Претстава и концерти на отворено вечерва за „Култура во време на корона“

Во рамки на програмата „Култура во време на корона“ вечерва се закажани три нови изведби кои ќе се пренесуваат и онлајн.

Во 19 часот во Скопје Север жителите на околните згради ќе имаат можност да ја проследат театарската претстава „WESTSIDE CONCEPT“, на театарот „WESTSIDE“, додека Во 20:30 часот, во паркот во Кисела Вода, концерт ќе одржи АМОН МРА БЕНД. За во 22 часот, на Кале, е закажан сетот на Мирко Попов.

Концертот ќе биде стримуван на Фејсбук страницата на Град Скопје и на Јутјуб каналот на Град Скопје.

Град Скопје, заедно со градските културни институции, на 13.04.2020 година, објави Јавен повик за финансирање проекти како дел од кризните мерки „Култура во време на корона“. Идејата на повикот е пред сè да се поддржат невработените уметници, односно оние уметници кои што ги загубиле своите редовни приходи во овој период, но и да се доближи културата до сечиј дом.

Заинтересираните уметници може да се пријавуваат на следниов ЛИНК.