Претседателот Болсонаро ги обвини критичарите дека подметнуваат пожари

Сао Паоло, најголемиот град на западната хемисфера, е обвиен од чад, кој предизвика денот да се претвори во ноќ. Виралната кампања #PrayfortheAmazon се провлекува низ социјалните медиуми. Една од владините водечки истражувачки агенции велат дека процентот на уништувањето на шумите во Амазон е вртоглав – заедно со нивото на шумските пожари.

Но, претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро, човекот кој е во состојба да ја запре кризата во Амазон, не само што го игнорира проблемот, туку сугерира дека тие се предизвикани за го направат да изгледа лошo.

Запрашан оваа недела околу зголеменото ниво на пожари во најскапоцената шума во светот – Болсонаро ги обвини невладините организации дека го „местат“ за да го свртат вниманието против неговата влада.

„Се чини дека пожарот започна на стратешки локации. Има фотографии од целата површина на Амазон. Како може така? Се укажува на тоа дека луѓето отишле таму да снимаат и потоа да запалат пожари. Тоа е моето чувство“, вели Болсонаро.

Ова доаѓа неколку недели откако тој го обвини и отпушти директорот на владината агенција што го следи Амазон, дека лаже за зголеменото уништување на шумите. Тој исто така се заплетка во расправија со Германија и Норвешка, кои ја намалија помошта за Амазон поради неговите политики.

Контроверзиите не станаа само главен политички дефокус, привлекувајќи критики од најистакнатите научници во земјата. Тие, исто така, претставуваат закана за позицијата на Бразил како глобален лидер за животната средина.

„Климатските промени ‘се тема на глобалната агенда’, а Бразил игра централна улога, сакале или не, поради Амазон, и поради неговата биолошка разновидност“, вели Маурицио Санторо, професор по Меѓународни односи на државниот универзитет во Рио.

Во дел од ветувањата на Болсонаро кога се кандидираше за претседател, стоеше и ветувањето за „отворање“ на Амазон за бизнис. Уништувањето на шумите се зголеми откако тој стапи на функцијата, на почетокот од оваа година. Само во јуни, според Националниот институт за вселенски истражување, Амазон изгубил 870 квадратни милји шума.

Уништувањето и човечкиот контакт во внатрешноста на шумите е она што се прави, а некогаш се сметаше дека е невозможно – пожари во дождовна шума.

Инаку, на интерактивниот веб-сајт amazondeforestation.io може да се направи споредба со големината на пожарите на Амазон со одредени други места.

Извор: ВашингтонПост