Премиерката на Нов Зеланд ги одложи изборите поради новозаразени со Ковид 19

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, ги одложи изборите во земјата за еден месец, поради појавувањето нови случаи на заразени со Ковид 19 во земјата.

Изборите кои требаше да се одржат на 19 септември, сега се одложени за 17 октомври.

Ардерн во понеделникот рече дека новиот датум ќе им овозможи на партиите да испланираат за околностите во кои ќе се води кампањата.

Претходно оваа недела, најголемиот град во земјата се врати во карантин.

Како што изјави премиерката, со оваа одлука им дава време на сите партии во текот на следните девет недели за кампања и на Изборната комисија да е осигури одджувањето на изборите, за кои најави дека нема да ги одложи по вторпат.

Опозициската Национална партија пак тврди дека изборите треба да се одложат бидејќи ограничувањата за кампањата и дават одредена предност на актуелната премиерка. Ограничувања беа воведени на Окланд во средата, откако беа утврдени голем број на нови инфекции во градот.

Девет нови случаи на коронавирус беа потврдени во понеделникот, со што бројот на активни случаи поврзани со кластерот на Окленд е на 58.

Епидемијата првично почна кај членовите на едно семејство, иако Ардерн подоцна рече дека пронашле претходен случај со вработен во дуќан кој се разболел на 31 јули.

Здравствен службеник кој го познава семејството, за новозеландските медиуми изјави дека семејството е „шокирано“ и „малку се посрамотило од тоа што им се случило“.

Соопштението дека се откриени нови случаи ја шокираше земјата, која немаше регистрирано локално пренесени случаи повеќе од три месеци.

 

Постојат четири „нивоа на тревога“ во Нов Зеланд, а Оукленд е на ниво 3 откако беа објавени новите мерки. Остатокот од земјата е на нивото 2.

Пред да се идентификува новиот кластер, владата ги тргна скоро сите свои ограничувања кои беа воведени во март.

Нов Зеланд имаше нешто над 1.600 заразени и 22 смртни случаи од почетокот на пандемијата, според бројките од универзитетот Џонс Хопкинс.

На почетокот на мерките во март, имаше строго ограничувања на границите, ефективни здравствени упатства и агресивна програма за тестирање и трагање по контактите, поради што сите беа заслужени за практично елиминирањето на вирусот во земјата.