Премиера на претставата „Дух“ вечерва во МНТ

Претставата „Дух“ од Дејан Дуковски, а во режија на Срѓан Јаниќијевиќ вечерва во 20 часот премиерно ќе биде изведена во Македонскиот народен театар.

Гораст Цветковски ја толкува главната улога Александар Мара, а покрај него играат и Никола Ацески, Емил Рубен, Тања Кочовска, Ивица Димитријевиќ, Тина Трпкоска, Оливер Митковски, Матеа Јанковска, Сашко Коцев, Нина Деан, Јордан Симонов и Тони Михајловски.

Сценограф е Велимир Жерновски, костимограф Лидија Георгиевска, а музиката е на Надежда Рубин, Срѓан Јаниќијевиќ и Ивица Димитријевиќ.

Ова е прва претства на МНТ која е поддржана од Министерството за култура за 2018, во соработка со „Контрапункт“ и со поддршка од општина Центар.