Премиера на филмот „This is HERstory“, за три балкански хероини од екстремните спортови

Во вторник во Кино Култура премиерно ќе биде прикажан документарниот филм „This is Herstory” во режија на Игор Христов, по идеја на Илина Арсова.

Филмот ја раскажува приказната на три балкански хероини кои ги поместуваат границите на екстремните спортови во своите заедници.

Освен проекцијата овој мултимедијален настан ќе продолжи со ликовна изложба на авторски дела од Илина Арсова од последниот циклус „Дневник на моите височини“.

Изложбата е со продажен карактер со цел финансирање на вискогорскиот проект „7 врвови“.

Почетокот е најавен во 19 часот.