Преку телескоп на скопскиот плоштад денес ќе може да го видите затемнувањето на Сонцето

Скопското астрономско друштво информираа дека денеска на Плоштадот „Македонија“ ќе биде поставен телескоп преку кој граѓаните ќе можат да го гледаат делумното затемнување на Сонцето.

Организаторите најавуваат дека настанот ќе почне во 11:27 по локално време, кога Месечината ќе почне да го „нагризува“ Сонцето. Максимумот од околу 30 проценти ќе се случи во 12:34 часот, а целиот настан ќе заврши во 13:42 часот.

„Нашето друштво со дел од својата опрема ќе биде на плоштадот Македонија, во Скопје во текот на целиот настан. Таму ќе можете безбедно преку соодветна опрема на телескопите одблизу да го погледнете ова несекојдневно случување“, велат од Скопското астрономско друштво.

Оттаму предупредуваат граѓаните да не го гледаат затемнувањето без соодветна заштитна опрема, особено не преку било какво оптичко помагало, зошто може да има многу несакани последици.