Преку предизвик на плоштадот во Скопје младите ја подигаат свеста за жртвите на трговија со луѓе

Пред неколку денови на плоштадот во Скопје беше поставен ѕид со 7 различни приказни раскажани од жртви на трговија со луѓе.

Станува збор за кампањата „И овде се случува“, поддржана од невладината Отворена Порта – Ла Страда.

Тие ги повикуваат граѓаните да се вклучат во денешната акција така што ќе го скенираат QR кодот и ќе ја најдат целата приказна на најразлични локации во Скопје.

„Собери ја екипата, викни другар/ка или пријави се сам и пробај да го исполниш предизвикот. Ваша задача е да се регистрирате на следниот ЛИНК, а предизвикот ќе го добиете на плоштадот во Скопје, во 18 часот“, стои во настанот.

Зборно место е плоштадот, а по завршување на предизвикот ќе се одржи и журка кај Школка во Градски парк, каде за најуспешните следи и подарок.