Прегазеното дете во стабилна состојба, ѓорчепетровци и денес на протест

Детето кое вчера попладне беше прегазено на улицата „Борис Сарафов“ во Општина Ѓорче Петров, е во стабилна состојба, соопштија од Клиниката за неврохирургија.

Оттаму информираат дека има скршеница на главата, крварење во мозокот и повреда на рамото. Поради ова, е задржано на опсервација.

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила околу 19 часот, кога возило „Опел астра“ со скопски регистарски таблички удрило во детето.

По несреќата, револтирани жители на населбата ја блокираа улицата во знак на протест, барајќи светлосна сигнализација.

Пред помалку од еден месец друго десетгодишно дете беше прегазено на истата улица.

Ѓорчевци најавија протестен собир и за денес, пред училиштето „Мирче Ацев“ од 18 часот.

„Сакаме конечно решение за сите жители на Ѓорче Петров и решение за дивееето во сообраќајот“, се вели во повикот за протестот.

[Фото] Жители на Ѓорче Петров се собраа на протест откако дете настрада во сообраќајка