Пратениците изгласаа распуштање на Собранието

Со 110 гласа „за“ и ниту еден против и воздржан, пратениците попладнево ја донесоа одлуката за распуштање на Собранието.

Претходно, Собранието го донесе Буџетот за 2017 година, со што се создаде услов за распуштање на овој пратенички состав.

Пред почетокот на расправата за распуштање, пратениците ги избраа Дејан Бошковски и Енвер Елмази за членови на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија. Собранието ги донесе и измените и дополнувањата на Законот за банките, на Законот за иновациска дејност и програмата за одбележување јубилејни годишнини за значајни настани и личности.