Пожар во кабинетот по хемија во кумановската гимназијата „Гоце Делчев“

Кабинетот по хемија во кумановската гимназијата „Гоце Делчев“ се запалил попладнево, по хемиска реакција во предавалната, јавува локалниот портал „Кумановоњуз“.

Пожарот брзо бил изгаснат, а повикана била и противпожарната единица, како и екипи на ЕВБН за да ја изгасат струјата бидејќи огнот зафатил и дел од електричната инсталација.

„Кумановоњуз“ пишува дека пред зградата се чувствува мирис на суфур, а неофицијално дознава и дека сите учениците по пожарот биле пуштени дома.